
Леброн Џејмс остана надвор од НБА плејофот со Лос Анџелес Лејкерси, Кливленд Кавалирси испаднаа од плејофот, иако беа фаворити пред да почне серијата со Индијана.
Тоа беше причина за медиумите да дискутираат за една од постојаните НБА теми – што следува за Леброн Џејмс?
За оваа тема на Фокс Спортс говореа новинарите Џејсон Смит и Мајк Хармон.
„Што се однесува до Леброн… Што е останато за него?! Може да одигра уште една сезона, па да се врати дома. Направи сè што можеше во Лејкерси, сè што може да се дистанцира од другите”, изјави Мајк Хармон.
Леброн Џејмс влезе во НБА во 2003 година како прв избор на драфтот – го одбраа Кавалирси. Во тимот од неговата родна Охајо остана до 2010 година, а потоа ги разочара своите навивачи и премина во Мајами Хит.
Меѓутоа, имаше Леброн и искупување – се врати во Кавалирси во 2014-та, а две години подоцна им ја донесе првата титула во историјата на франшизата. Дали е време за второ враќање и трет престој во Кавалирси?
„Вратите му се отворени на Леброн да ја заврши кариерата во Кливленд. Може да заврши токму како што сака и да освои уште една титула. Тој е малку одвоен во Лејкерси, тоа сега е тимот на Лука Дончиќ”, изјави Џејсон Смит во оваа емисија.
Фото: Grok AI