Дома Останати Кошарка Дончиќ на натпреварот од АБА лигата се појави со скршен телефон и часвоник од 80.000 евра

Дончиќ на натпреварот од АБА лигата се појави со скршен телефон и часвоник од 80.000 евра

Словенечките медиуми сè уште зборуваат за појавувањето на Лука Дончиќ на натпреварот од АБА 2 лигата меѓу Илирија и Босна во Љубљана, каде што НБА суперѕвездата го поддржуваше тимот во кој работи неговиот татко Саша.

Дончиќ донесе среќа на Илирија, бидејќи Босна славеше со 77:68 и избори мајсторка во финалната серија, која ќе се игра во Скендерија во среда, а одредени детали го привлекоа вниманието на Словенците.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Имено, од фотографиите направени во Малата сала Тиволи, блогерот Рони Кордиш заклучи дека Дончиќ веќе три месеци користи расипан мобилен телефон.

Дончиќ беше сликан држејќи скршен „Ајдон“ во рацете додека седеше во првиот ред на салата, кој како што самиот откри го разбил кога дознал за размената од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс во февруари оваа година.

Интересно, Лука на левата рака носеше вреден часовник Audemars Piguet Royal Oak Selfwinding, кој чини повеќе од 80.000 евра. Кордиш исто така напиша дека Лука има добар вкус за часовници и дека веќе има убава колекција – неколку Audemars Piguet часовници, како и неколку Rolex и Hublot…

Во блогот Кордиш исто така го пофали Лука, велејќи дека комбинацијата на вреден часовник и скршен „Ајфон“ е совршена комбинација.

Фото. Los Angeles Lakers/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…