Дома Фудбал Англија ЖИВОТНА ДРАМА: Ѕвездата на Арсенал за малку ќе останел без нога!

ЖИВОТНА ДРАМА: Ѕвездата на Арсенал за малку ќе останел без нога!

Шпанскиот фудбалер, Санти Казорла не игра за Арсенал повеќе од една година.

Казорла има големи проблеми со повредите и под знак прашалник беше дали ќе ја продолжи кариерата. Сепак, одлучи да ги притисне забите и да не се предаде, па се уште се бори со повредата.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Целата ситуација би можела да заврши фатално за Казорла, бидејќи за малку ќе останел без една нога. Имено, по осмата операција на неговата нога, Казорла добил инфекција поради која лесно би можело докторите на крајот да му ја пресечат ногата.

За среќа, се позитивно завршило и Казорла во родната Шпанија се подготвува за враќање на теренот. Овој фудбалер во Арсенал пристигна летото 2012. година од Малага, а неговиот договор со „Топчиите“ му истекува на лето следната година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола даде нова проценка за трката за титулата по неуспехот на Арсенал

Пеп Гвардиола изјави дека има уште многу време до крајот на трката за титулата во Премиер …