Дома Фудбал Братот на Белингам е пред трансферот на кариерата!

Братот на Белингам е пред трансферот на кариерата!

Џуд Белингам (21) е еден од најдобрите фудбалери во светот. Одличниот офанзивен играч за врска вреди 180 милиони евра според „Трансфермааркт“, а со Реал минатата сезона ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите. За мадридскиот клуб има 91 настап, 36 голови и 27 асистенции, додека за Англија во 42 настапи постигна шест голови.

Според написите на шпанската Mарка“, Џуд наскоро можеби нема да биде единствениот Белингам во Реал. Кралскиот клуб сака да го доведе неговиот 19-годишен брат Џоб, играч за врска кој игра за Сандерленд во Чемпионшип, втората лига на англискиот фудбал, лига што многумина ја сметаат за најтешка во светот.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Реал не е единствениот што сака да го доведе Џобе, кого летово го очекува трансфер на кариерата. Фудбалскиот инсајдер Флориан Плетенберг кон крајот на март објави дека РБ Лајпциг е заинтересиран за помладиот Белингам, за кој што собрал потребни информации. Лајпциг е сѐ уште во трката, но не е единствениот, бидејќи Плетенберг наведува дека еден од заинтересираните клубови е Борусија Дортмунд, чиј тренер е Нико Ковач.

Фото: Sunderland FC/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите на Манчестер Јунајтед станаа единствени сопственици на англискиот четвртолигаш

Дејвид Бекам и Гери Невил го завршија преземањето на Салфорд, поранешните членови од „Клас…