Дома Фудбал Суарез како по „навика“ – гризна соиграч од Интер Мајами (Видео)

Суарез како по „навика“ – гризна соиграч од Интер Мајами (Видео)

Луис Суарез повторно е фатен како каснува соиграч на фудбалскиот терен. Овојпат, ги зарил забите како играч на Интер Мајами во Жорди Алба, долгогодишен соиграч од Барселона и сегашен колега од Интер Мајами.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И претходно Суарез бил казнуван за каснување, а сега тоа го направи повторно. Во текот на натпреварот на Интер Мајами и ЛАФЦ, во 89. минута дојде до гужва на теренот. Суарез се обидувал да ја смири ситуацијата и да го отстрани Алба од конфликтот, но кога тој се обидел да го турне, Суарез, како што се гледа на снимката, го казна за прсти.

Тоа го правеше и порано. Како играч на Ливерпул го каснал одбранбениот играч на Челси Бранислав Ивановиќ, за што добил забрана за играње на десет натпревари. Уште потешко беше казнет на Светското првенство 2014 година кога го каснал италијанскиот одбранбен играч Џорџо Кјелини. Тогаш заработил четиримесечна суспензија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…