
Во Манчестер Јунајтед полека го губат трпението и изгледа дека ова лето на Олд Трафорд ќе дојде нов голман, што значи дека судбината на Андре Онаа во дресот на “Црвените ѓаволи” е под голем знак прашалник.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Јунајтед играше во четвртокот на гости против Лион во натпреварот од четвртфиналето на Лига Европа кој заврши со резултат 2:2.
Голот за 2-2 за францускиот тим го постигна Черки, но она што го одбележа тој погодок беше неверојатната грешка што ја направи Андре Онаа.
По таа грешка, Онаа беше во центарот на вниманието, а тоа е само една од неколкуте катастрофални грешки.
Клубот реши летово да се впушти во потрага по нов голман, а изборот падна во Серија А, поточно во екипата на Парма.
Манчестер Јунајтед е решен да го доведе 22-годишниот голман Зион Сузуки и според пишувањата на британските медиуми, подготвени се да понудат на Парма 40 милиони евра, што е отприлика сумата што и во Парма ја сакаат за својот голман.