Дома Фудбал Милевски: Разочарани сме, но ремито е реален резултат

Милевски: Разочарани сме, но ремито е реален резултат

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од изданието на Македонија против Велс, вели дека ремито е најреален резултат и покрај тоа што секунди фалеа за да победиме.

Велс доминираше во текот на најголемиот дел од мечот, но Македонија беше поблиску до победа, сепак не ги освоивме трите бода благодарение на примен гол во 96. минута.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


„Има горчина што на тој начин се одвиваше мечот, но не можам а да не бидам задоволен. Пред себе имавме сериозен противник, се работи играчи кои играат во Премиер лигата и во Франција. Видовте како тим дека се на највисоко можно ниво, но нашите играчи покажаа дека од меч во меч напредуваат и мислам дека ни фали уште тој фактор плус за да бидеме над селекции како Велс. Моравме да бидеме фокусирани додека се означи крајот, жалиме што не победивме, но најреално е реми“, вели Милевски.

„Примивме гол во последните секунди, но нема простор за разочарување. Македонија покажа дека може да биде рамо до рамо со најдобрите во Европа, а Велс е една од тие“.

„Не верувам дека момците од еуфоричност ги направија грешките. Вакви моменти се случуваат во фудбалот, нас ни се случи вечерва. Некој пред мечот да ни понудеше четири бода, ќе ги прифатевме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…