Дома Останати Кошарка Познато зошто Дончиќ не беше избран за Олстар-викендот

Познато зошто Дончиќ не беше избран за Олстар-викендот

Лука Дончиќ овој февруари нема да настапи на Ол-стар, прв пат по пет години. Иако играше за Лос Анџелес Лејкерс, беше повреден кога се одредуваа составите на тимовите и кога се одржа „драфтот“ за најголемото кошаркарско шоу. Поради тоа, нема да биде присутен следниот викенд на теренот во Сан Франциско.

Љубителите на кошарката ќе бидат лишени од настапот на ѕвездата за која најмногу се зборува. Словенецот дури и пред заминувањето во Лејкерс доби 1,6 милиони гласови од фановите на НБА кои сакаа да видат како игра во арената во Сан Франциско, но тоа нема да се случи. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Гласовите на навивачите претставуваат 50 проценти од вкупниот број гласови, додека останатите 25 проценти се од играчите на НБА и медиумите. Со оглед на тоа дека Лука беше сериозно повреден и оваа сезона пропушти 22 натпревари, не е потребно да се бараат дополнителни причини зошто не беше избран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Тепачката меѓу навивачите на Партизан изби поради транспарент и скандирање против Вучиќ (Видео)

Нови политички тензии во Србија, овој пат на јужната трибина во белградската Арена меѓу на…