![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/doncic321-1-819x491.jpg)
Словенечкиот кошаркарски гениј Лука Дончиќ немаше многу што да направи за да го спречи поразот на неговите Лејкерси од Јута, но повремено покажа каква кошаркарска интелигенција поседува.
На почетокот на натпреварот ја прими топката во напад, влезе во рекетот и со еден потег измами дури тројца играчи на противникот.
Клучот на иднината! ↓↓↓
Застана, го одфрли чуварот од себе, а потоа не шутна туку одлучи со дополнителен потег да ги збуни практично сите – освен неговиот соиграч Руи Хачимура. Тој остана во аголот и беше подготвен да ја прими топката од Дончиќ и тоа додавање да го претвори во тројка со асистенција.
THIS LUKA DIME WAS TOUGH 🔥 pic.twitter.com/TyZdKdCPaW
— Bleacher Report (@BleacherReport) February 13, 2025