Жозе Мурињо наводно размислува да го врати од позајмица фудбалерот кој импресионираше во досегашниот дел од сезоната.
Андреас Переира игра одлично во досегашниот дел од сезоната со екипата на Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Валенсија одлично ја стартуваше сезоната во шпанија, а Переира кој тука настапува како позајмен фудбалер од Јунајтед е еден од најдобрите фудбалери на овој клуб. Тој постигна само еден погодок, сепак неговата игра во поле навистина воодушевува.
Перира беше одличен и на припремите, но Мурињо одлучи дека за негоа е најдобро да пронајде нов клуб каде што оваа сезона ќе може да се докаже како фудбалер.
„Кога потпишував, знаев дека постои можност да се вратам во секој момент. Сепак јас сум мирен, фокусиран сум на Валенсија. Барем до овој момент никој од Манчестер не ме побара. Јас сум среќен тука и конечно чуствувам дека можам да го покажам мојот полн потенцијал“, изјави Переира.