Кошаркарите на Далас Маверикс во Калифорнија ја победија екипата на Голден Стејт Вориорс со резултат 143:133, а јунак на триумфот беше репрезентативецот на Словенија Лука Дончиќ.
Лука одигра натпревар за паметење. Натпреварот го заврши со импресивен трипл-дабл – постигна 45 поени (10/12 за два, 6/11 за три, 7/9 слободни фрлања), со 11 скока, 13 асистенции и три украдени топки.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На овој натпревар падна рекорден број тројки во историјата на NBA – дури 48! Вориорс реализираа 27 од 54 обиди, додека Мавси упатија 21/41 за три поени.
Освен Лука, блескаше и поранешниот суперѕвезда на Вориорс Клеј Томпсон, кој постигна 29 поени со седум погодени тројки, додека Ирвинг натпреварот го заврши со 21 поен.
Вориорс беа предводени од Вигинс со 29 поени и Стеф Кари со 26 поени и 10 асистенции. Одлична партија даде и ветеранот Дрејмонд Грин кој постигна 21 поен.
.Luka Dončić put on a SHOW in San Francisco!
— NBA (@NBA) December 16, 2024
45 PTS (16-23 FGM)
11 REB
13 AST
6 3PM
3 STL
2 BLK
Mavs win their 8th of their last 9 games! pic.twitter.com/97MfOEpja5