Дома Фудбал Репрезентации Романците со одговор до Косово: Смешни сте!

Романците со одговор до Косово: Смешни сте!

Oткако претходно од Фудбалскиот сојуз на Косово се огласија со соопштение за вчерашните случувања во натпреварот од Лигата на Нации, денес одговорија и Романците.

Натпреварот во Букурешт заврши со напуштање на фудбалерите на Косово пред самиот крај на средбата.

„Фудбналскиот сојуз на Романија го изразува своето разочаруваање од однесувањето на делегацијата на Косово. Сметаме дека обвинувањата на Косово и нивните фудбалери се смешни и неосовани. Исто така сметаме дека постапките им биле однапред смислени“, стои во соопштението.

Последните најави се дека натпреварот ќе биде регистриран со службени 3:0 за домашната репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Млад фудбалер удрил со глава во трибина и починал: Трагедија на островот Тасос

Аслан Џана, шеснаесетгодишен фудбалер на екипата Виронас од Кавала, почина во вторникот от…