Дома Фудбал Слушнете како Маракана им оддаде почит на жртвите во Валенсија и Нови Сад

Слушнете како Маракана им оддаде почит на жртвите во Валенсија и Нови Сад

МАРАКАНА, името по кое e познат стадионот на Црвена звезда, официјално како „Рајко Митиќ“, беше полн со публика на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите Звезда – Барселона (2:5). Повеќе од 50 илјади луѓе пред натпреварот направија одлична атмосфера.

Кога официјалниот спикер непосредно пред натпреварот ги покани да им оддадат едноминутно молчење за да им оддадат почит на жртвите од поплавите во Валенсија и уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, култниот стадион во Белград беше во целосен молк.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Споменатите трагедии ги шокираа Шпанија и Србија и ги одбележаа тие две земји во последните десет дена. Во поплавите во Шпанија, кои најтешко ја погодија Валенсија, загинаа 219 лица, а 93 лица исчезнаа. Во трагедијата на станицата во Нови Сад загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус го реши прашањето за тренерот до 2028 година!

Фудбалскиот клуб Јувентус последните сезони е во големи проблеми, пред сè поради долгот шт…