Дома Фудбал Италија Тага во Италија: Почина легендарниот напаѓач

Тага во Италија: Почина легендарниот напаѓач

Италија денеска е погодена со тажна вест, почина легендарниот Тото Скилачи.

Скилачи почина на 59-годишна возраст откако подолго време се бореше со тешка болест. Пред неколку дена тој беше пренесен во болница поради влошување на состојбата, а за жал докторите не успеаа да го спасат неговиот живот.

Најмногу ќе остане запаметен по неговите фантастични настапи на Светското првенство во 1990 година кога со шест гола беше најдобар стрелец на турнирот.

Во клупската кариера со Јувентус и Интер го освојуваше Купот на УЕФА, а играше уште и за Месина. Кариерата ја заврши со над 200 постигнати погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…