Алкалоид славеше во дербито против актуелниот македонски шампион Пелистер со 33-30 во битката за трофејот во Суперкупот.
Скопскиот тим од стартот се наметна и имаше константна предност, па тимот на Лазаров заслужено го освои трофејот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мечот почна израмнето по што Алкалоид ги презема работите во свои раце и на паузата замина со пет гола предност (19-14).
Битолчани на почетокот на вториот дел успеаа да намалат на два разлика, но потоа Алкалоид знаеше да за задржи предноста.
Никола Костески беше прв стрелец со осум гола кај Алкалоид, шест реализираше Митев, а по пет Симоновски и Серафимов. Кај Пелистер најефикасен во вечерашниот пораз беше Филип Кузмановски со пет гола.