Дома Трансфер зона Барселона продаде стопер и заработи десет пати повеќе за само една година

Барселона продаде стопер и заработи десет пати повеќе за само една година

Од доаѓањето на Ханси Флик на клупата Барселона во главно работи на полнење на касата со продажба на фудбалери кои германскиот стратег ги означил како вишок.

Чади Ријад го засили Кристал Палас, а Барселона заработи 50% од неговиот трансфер од Бетис, што е околу осум милиони евра, додека од заминувањето на Марк Гују во Челзи инкасираше шест милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трет кој замина е младиот стопер Микаил Фаје, Сенегалец кој пред само една година пристигна од хрватски Кустошија за еден ипол милион евра.

Фаје одигра одлично за Барселона Атлетик под водство на Рафаел Маркез, требаше да добие шанса во првиот тим, но поради гужва на неговата позиција беше одлучено да се заработи.

Каталонците ја прифатија понудата на Порто од 15 милиони евра, 10 пати повеќе отколку што платија за него минатото лето, со тоа што Барса инсистираше на повратна клаузула според која може да го откупат во следните години, но сујмата засега не е позната. Кога ќе се собере се досега Барселона заработи скоро 30 милиони евра од продажба на фудбалери за кои нема место во првиот тим во новата сезона.

Сè на сè, Барса заработи речиси 30 милиони евра од заминувањето на млади играчи за кои нема место во тимот оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…