Дома Останати Кошарка Бостон е шампион во НБА лигата

Бостон е шампион во НБА лигата

Кошаркарите на Бостон Селтикс го победија Далас Маверикс со 106:88 во петтиот натпревар од финалето на НБА и ја освоија титулата со вкупен резултат 4:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За тимот од Бостон тоа е рекордна 18. титула во НБА, а прва од 2008 година. Досега Селтикси беа изедначени по бројот на титули со Лејкерси (Лос Анџелес и Минеаполис), кои освоија 17.

Најпродуктивен играч на средбата беше домашниот играч Џејсон Тејтум, кој постигна дабл-дабл со 31 поен и 11 асистенции. Кај Маверикс се истакна Лука Дончиќ со 28 поени и 12 скока.

Џејлен Браун беше прогласен за МВП на финалето. Дваесет и седумгодишниот Американец во серијата од пет натпревари имаше просек од 20,8 поени, 5,4 скока и 5 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Има 14 години и е висок 214 сантиметри, а на паркетот никој ништо не му може: Дали кошаркарската ѕвезда на Барса ги лажирала годините?

Мохамед Дабоне, еден од најперспективните млади кошаркари во Европа и член на Барселона, п…