Дома Топ вести „Бомба“ од Белград: Звезда го купува најдобриот стрелец во Холандија?!

„Бомба“ од Белград: Звезда го купува најдобриот стрелец во Холандија?!

Екипата на Црвена Звезда има намера ова лето да направи сериозни промени и да го засили тимот. Според последните информации на „радарот“ на белградскиот гигант е најдобриот стрелец во холандското првенство, Вангелис Павалидис. 

Грчкиот напаѓач кој го носи дресот на АЗ Алкмар, во најдобрата холандска лига оваа сезона даде 29 голови и заврши како прв стрелец. Во сите натпреварувања тој постигна 33 погодоци на 46 мечеви.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Според „Трансфермаркт“, вредноста на Павлидис е 20 милиони евра, но Црвена звезда се надева дека ќе може да го купи за помалку со оглед на тоа што нема долгорочен договор.

Како можен проблем во реализацијата на зделката се најавуваат дека можат да бидат високите барања за плата на грчкиот фудбалер. Најавите од медиумите се дека првите контакти се веќе направени.

Сепак за неговиот потпис Звезда ќе има конкуренција бидејќи интерес покажуваа и клубови од Италија, Португалија и Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …