Дома Фудбал Англија Замислете, Питер Крауч влезе во Гинисовата книга на рекорди!

Замислете, Питер Крауч влезе во Гинисовата книга на рекорди!

Англискиот напаѓач, Питер Крауч направи нов подвиг во својата кариера бидејќи и официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Напаѓачот на Стоук зад себе има интересна кариера, а најмногу го паметиме по партиите во дресот на Ливерпул. Крауч во ангиската премиер лига се појави 2002. година и успеа да стане рекордер, односно играч кој постигнал најмногу погодоци со глава.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крауч во својата кариера постигна дури 51 погодок со глава, што е рекорд во Премиер лигата и поради тоа обезбеди за себе место во Гинисовата книга на рекорди. Првото место на оваа листа го држеше легендарниот англиски напаѓач Алан Ширер кој постигна пет голови помалку.

„Навистина одлично се чувствувам што сум сопственик на рекорд во ПЛ. Горд сум на тоа“, истакна Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…