Екипата на Рома вчера го елиминираше Милан и се пласираше во полуфиналето на Лигата на Европа.
„Волчицата“ излезе како победник во италијанското дерби. Вчерашниот натпревар Рома го доби со 2:1 на домашен терен, а во вториот дел од овој натпревар видовме еден интересен момент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Диего Љоренте во 72. минута дојде до Де Роси да го праша уште колку има до крајот и тоа го налути тренерот на Рома. Де Роси збесна и почна да мавта со рацете и вика по својот фудбалер објаснувајќи му дека треба да се фокусира на играта, а не на времето.
Llorente, De Rossi'ye kalan süreyi soruyor 😂 pic.twitter.com/Wj1ma8Y8Hg
— Kapitano Sports (@kapitanosport) April 19, 2024