Дома Фудбал Чави се огласи за повредите на Педри и Де Јонг: За жал не изгледаат добро

Чави се огласи за повредите на Педри и Де Јонг: За жал не изгледаат добро

Барселона вчера не успеа да го победи Атлетик Билбао во Ла Лига, меѓутоа поголема грижа за Чави од тоа што тимот остана без три бода се повредите на Педри и Де Јонг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двајцата фудбалери од средниот ред беа заменети поради повреда. Педри дури и плачеше во моментите на замена и подоцна кога беше на клупата.

Засега конкретни информации за тоа колку ќе мораат да паузираат нема, меѓутоа Чави не е оптимист.

„За жал изгледа дека повредите на Педри и Де Јонг се сериозни. Тажни сме и сигурно ќе бидеме без нив некое време“, изјави Чави на прес-конференцијата за новинарите.

Повеќе детали за сериозната на повредите кај двајцата се очекуваат во текот на денешниот ден по деталните прегледи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…