Дома Фудбал Англија Тинејџер во последна минута му донесе победа на Манчестер Јунајтед🎥

Тинејџер во последна минута му донесе победа на Манчестер Јунајтед🎥

Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед одиграа драматичен натпревар кој на крајот им припадна на „црвените ѓаволи“ со 4:3.

Гостите одлично го отворија мечот и Рашфорд уште во раната фаза погоди за водство, а Хојлунд зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вторто полувреме Волците не се предадоа, најпрво намалија на 2:1, Јунајтед возврати на домаќините повторно ја вратија неизвесноста и постигнаа гол за 2:3.

Во судиското продолжение гледавме вистинска драма. Педро Нето израмни на 3:3, а само една минута подоцна младиот Мејну ја измеша одбраната и постигна фантастичен гол за голема победа на Јунајтед од 3:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…