Италијанскиот репрезентативец Андреа Белоти после година и половина ја напушти Рома и се пресели во Фиорентина.
Белоти не добиваше голема минутажа во Рома, па доби дозвола од Де Роси слободно да си бара нов клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Популарниот „Петел“ се сели во Фиорентина на позајмица со крајот на сезоната. „Виолетовите“ за позајмицата ќе платат 750,000 евра, а во договорот нема опција за откуп по завршување на сезоната што значи дека фудбалерот ќе се врати во Рома.
Белоти забележа 14 настапи за Рома од стартот на сезоната и запиша три гола и две асистенции, но сака да игра во клуб каде ќе има поголема минутажа.