Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед се намачи против четвртолигаш

Манчестер Јунајтед се намачи против четвртолигаш

Манчестер Јунајтед потешко од очекувањата успеа да го победи Њупорт (4:2), тим од четврта лига во Англија, па така се пласира во следната фаза во ФА Купот, во 1/8 финалето.

Бруно Фернандеш донесе водство за „црвените ѓаволи“ во седмта минута, а предноста ја зголеми Маино во 13 минута.

Потоа следуваа два гола на домаќините, па Њупорт стигна до израмнуање од 2:2. Антони со првиот гол од стартот на сезоната спречи срам за големиот фаворит и погоди за 2:3, а во судиското продолжение победата ја потврди Хојлунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…