Баерн Минхен го промовираше новото зимско засилување кое доаѓа од Галатасарај, станува збор за 23-годишниот француски фудбалер Саша Бое.
Десниот бек доаѓа од таборот на Галатасарај за обештетување од 30 милиони евра, плус 5 милиони во бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французинот, кој има 23 години, потпиша договор до јуни 2028 година. Бое играше во дресот на турскиот гигант од летото 2021 година, а во својата татковина беше дел од Дижон и Рен.
Клубовите исто така договорија и два пријателски натпревари од кои 50 отсто од приходот ќе оди за Галатасарај.
Бое беше план Ц за Баварците откако претходно не успеаа да ги комплетираат трансферите на Трипие од Њукасл и Мукиеле од ПСЖ.