Барселона е силно заинтересирана за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.
Барселона е во потрага по нов напаѓач и верува дека Алварез може да биде новата „деветка“ за цела наредна деценија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Каталонците на лето сакаат да се разделат со Левандовски и веќе ја почнаа потрагата по негов наследник, а најголема желба на Чави е токму Алварез.
Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал.
Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.
Сити нема лесно да се откаже од својот „бисер“, но Барселона е спремна да понуди 80 милиони евра за неговиот потпис.