Хрватскиот третолигаш Кустошија го привлече вниманието на медиумите од регионот откако купи фудбалер вреден 500.000 евра што за третолигаш на Балканот е неверојатна сума.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува сбор за 17-годишниот Баје Кулибали кој е младински репрезентативец на Мали. Трансферот на Кулибали го најави Фабрицио Романо на друштвените мрежи пред неколку недели, а сега се е потврено. Баје Кулибали се истакнува како еден од најталентираните афрички фудбалери во овој момент.
Ќе потсетиме, дека тимот на Кустошија минатото лето го продаде фудбалерот Фаје на Барселона за пет милиони евра и така првпат се најде во центарот на вниманието и на светските медиуми.
Сега очигледно дел од таа сума одлучиле да ја инвестираат во овој млад фудбалер од Африка, а како ќе им се исплати останува времето да покаже.