Дома Фудбал Англија ФОТО: Хорор во Амстердам, Агуеро преживеал тешка сообраќајна несреќа

ФОТО: Хорор во Амстердам, Агуеро преживеал тешка сообраќајна несреќа

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро преживеал тешка сообраќајна несреќа во Холандија, пренесува ЕСПН. Според истиот извор, Аргентинецот скршил ребро.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Несреќата се случила додека напаѓачот се возел со такси до аеродромот. Таксистот изгубил контрола над возилото и се удрил во колоната од спротивната насока.

Агуеро во таа прилика скршил ребро и се очекува да биде надвор од теренот од шест до осум недели, што значи дека ќе го пропушти саботното дерби против Челзи, како и двата одлучувачки натпревари на Аргентина во квалификациите за Светското првенство.

Инаку, Агуеро беше во Амстердам по повод концертот на колумбискиот пејач, Хуан Луис Аријас, познат како Малумa.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Напаѓачот за кој Њукасл плати 75 милиони евра разочара – сега сака да го оствари својот сон!

Напаѓачот на Њукасл, Ник Волтемаде, веќе неколку месеци е незадоволен откако пристигна на …