Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е убеден дека Наполи до крајот на првенството ќе се бори за титулата.
Наполи имаше лош старт на сезоната и веќе сериозно се зборува за можна тренерска смена.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сигурен сум дека и оваа сезона до самиот крај на првенството ќе се бориме за титулата. Ова лето бев во контакт со неколку тренери. Тијаго Мота не сакаше да дојде, а имав и неколку разговори со Луис Енрике. Му благодарам на Бога што не го донесов, погледнете што прави тој со ПСЖ“, изјави Де Лаурентис.
Тој без влакна на јазикот зборуваше и за Супер купот на Италија кој треба да се одигра во Саудиска Арабија.
„Оној што сака да се игра Супер купот со Арабија е лудак. Гледате ли што се случува во Израел? Сигурен сум дека летовите над тој регион ќе бидат забранети. И сега да одиме таму за некој да заработи неколку милиони? Ајде да играме на Олимпико!“