Mанчестер Сити има нов фудбалер на мета со интересна животна приказна, станува збор за Матеус Нунез.
Според последните информации од Островот тимот на Гвардиола испратил понуда вредна помеѓу 50 и 55 милиони евра, меѓутоа истата веднаш била одбиена затоа што Вулвс не сакаат да преговараат за сума пониска од 60 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нунез е фудбалер кој е роден во Рио и на само 13 години почнал со работа во Португалија каде што работел во пекара која неговите родители ја отвориле. Пекарата се наоѓала во близна на Лисабон.
Покрај фудбалот во пекарата работел се до неговата 19-та година кога започнал да игра посериозно во тимот на Спортинг.