Дома Македонски спорт Од Струга потврдија: Ќе играат во Елбасан ако се пласираат во плеј-офот од Конференцискатал ига

Од Струга потврдија: Ќе играат во Елбасан ако се пласираат во плеј-офот од Конференцискатал ига

Шампионот на Македонија Струга Трим Лум и официјално ќе игра во Елбасан ако се пласира во плеј-офот од Конференциската лига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Информацијата за „МИА“ ја потврдил спортскиот директор, Бесар Исаку.

„Доколку избориме пласман во плејофот на Конференциската лига, натпреварот на кој треба да бидеме домаќини ќе се игра во Елбасан“, изјавил Исаку за „МИА“.

Ќе потсетиме, Струга со 3:1 славеше против Есперанж во првиот натпревар од третото квалификациско коло кое се играше на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Причината поради која Струга би играла во Елбасан е што теренот на Националната арена е затворен, а другите наши стадиони не исполнуваат услови за натпревар во еден европски плеј-оф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во Милан закажале нова средба со Гласнер, тренерот близу до договор

Раководството на Милан ќе одржи нов круг разговори со Оливер Гласнер во следните часови. П…