Дефинитивно Ромелу Лукаку нема да се врати во Интер.
„Нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите со белгискиот напаѓач откако пристигна информијата дека Лукаку одолговлекувал затоа што чекал да види дали ќе ги финализира преговорите со Јувентус од каде што имал подобра финаниска понуда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор, Бепе Марота потврди дека повеќе нема преговори со Лукаку и таа приказна за Интер е завршена. Порака до Белгиецот испратија и навивачите на Интер.
„Не сакаме повеќе да ти видиме очи. Не предаде сите. Те браневме и во тешки моменти, секогаш бевме покрај тебе, а ти ни забод нож во грб. Го бакнуваше нашиот амблем и не лажеше. Ти не си вистински маж“, гласи пораката на фановите.
Интересно е што ниту навивачите на Јувентус не го сакаат Лукаку (ТУКА).