Дома Македонски спорт Младинскиот репрезентативец Иван Николов промовиран во дански Сондерјиске

Младинскиот репрезентативец Иван Николов промовиран во дански Сондерјиске

Досегашниот капитен на штипска Брегалница, Иван Николов својата кариера ја продолжува на интернационалната сцена откако денес го комплетираше најавениот трансфер во данскиот клуб Сондерјиске.

21-годишниот член и на младата репрезентација на Македонија продолжува со надградбата на својата кариера овој пат во шампионатот на Данска.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


ФК Брегалница претходно му се заблагодари на Николов за целокупниот досегашен придонес за сините бои низ годината во која повеќе од успешно го носеше дресот на клубот, посакувајќи му среќа во новиот клуб и уште поголеми успеси во иднина на европската сцена.

Данскиот тим изрази големо задоволство од доведувањето на македонскиот фудбалер.

„Со Иван Николов добиваме вреден играч за врска со добро око за играта. Тој е редовен член во македонскиот младински репрезентации, а кога е капитен на својата екипа на 21 година, тоа кажува нешто и за неговите квалитети и фудбалски и психички“, изјави спортскиот директор на данскиот клуб, Есбен Хансен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…