16-годишната тенисерка на Југ, Теона Андова е новата шампионка на Македонија откако денеска во финалето ја победи Ива Данева со 2-1 во сетови (46 64 75).
Најголема пречка за двете тенисерки беше топлото време. До шампионската титула Андова стигна откако во полуфиналето и финалето ги победи македонските репрезентативки (Били Џин Кинг куп) Александра Симева и Ива Данева и тоа двете на идентичен начин со пресврт во мечот, откако ќе го загубеше првиот сет, следните два успеваше да ги освои и да триумфира.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во полуфиналето Андова, ја победи досегашната шампионка Симева со 2-1 (26 61 64), додека во првиот меч од првенството беше поуспешна од Благица Голубова со 2-0 во сетови (61 62).
За Ива Данева ова беше трето финале во серија (2021, 2022 и 2023) и остана со шампионскта титула од 2021 година.