Грузиецот Квича Кварацхелија зад себе има фантастична сезона во која го предводеше Наполи до Скудетото во Италија.
Наполитанците по 33 години го освоија Скудетото, а Кварацхелија беше нивниот најважен играч. По такавата сезона секако грузискиот фудбалер се поврзува со најголемите европски клубови, а ако се суди според изјавата на неговиот татко Бадри Кварацхелија, негова желба е да заигра за Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сонот на Квича е да ја освои Лигата на шампионите и да игра за Реал Мадрид, како и успех со репрезентацијата. Се надевам дека тие соништа ќе му се остварат, како што му се оствари за шампионска титула со Наполи“, изјави таткото на фудбалерот.
Договорот на Кварцахелија со Наполи има важност до 2027 година и во Неапол не сакаат да слушнат за негово заминување.