Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар го чека баражот против Скопје во кој в сабота ќе игра за враќање во Првата лига, а пред овој дуел фудбалерите и стручниот штаб добиле одлична мотивација.
Имено, Општина Кисела Вода одлучи да помогне на вардарци со донација од еден милион денари. Според најавите, парите веднаш ќе бидат префрлени на сметките на фудбалерите и стручниот штаб пред бараж дуелот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Скоро цела сезона фудбалерите на Вардар играа без плата и основни услови за натпреварување, но и во таква ситуација успеаа да завршат на третата позиција со која обезбедија бараж.
Противник во баражот на Вардар ќе му биде Скопје кој ќе игра за остане во друштвото на најдобрите.
Неодамна Вардар доби помош и од Општина Аеродром со тоа што доби дозвола да користат еден од фудбалските терени во општината за тренинзи и натпревари.