Дома Фудбал Италија Ибра најави враќање: Се уште сум број еден!

Ибра најави враќање: Се уште сум број еден!

Златан Ибрахимовиќ се рехабилитираше од повредата и после осум месеци рехабилитација е спремен да се врати на терените.

Иако има 41 година, ветеранот се уште е полн со самодоверба и тврди дека е подготвен повторно да покаже дека е број еден.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Добар сум. Се вратив во тимот и се чувствувам слободен на теренот и надвор од него. Бев трпелив затоа што морав да се вратам на врвот, а опоравувањето оди според планот“, истакна Ибрахимовиќ.

„Јас сум се уште Бог, се уште сум број 1, сега се вратив и музиката се менува. Имам толку многу желба, сакам да направам толку многу работи, она што го изгубив во овие седум или осум месеци. Јас изгубив време. Тимот во криза? Не сум загрижен, ова се нормални моменти во една сезона. Сега мора да разговараме малку и да ја докажеме нашата вредност на теренот“, порача Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Директорот на Наполи потврди: Хојлунд останува во клубот!

Според информациите на познатиот инсајдер Фабрицио Романо, Наполи планира да ја активира о…