Дома Фудбал Италија Јувентус го сака спортскиот директор на Милан

Јувентус го сака спортскиот директор на Милан

Јувентус сака да го донесе во клубот спортскиот директор на Милан, Фредерик Масара, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус се наоѓа во тежок период откако целото раководство си поднесе оставка поради финансиски малверзации.

Се очекува до крајот на овој месец да биде избран нов претседател и да биде назначено ново раководство.

Во моментов тренерот Макс Алегри е единствен задолжен за спортскиот сектор, но наскоро треба да биде назначен нов спортски директор.

Најголема желба е директорот на Милан, Фредерик Масара, кој беше избран за најдобар директор во Серија А и кој има голема улога во успесите на „росонерите“.

Меѓутоа, Масара има договор со Милан до јуни 2024 година и италијанскиот шампион не сака да го пушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чудесниот Меси постави четири нови рекорди на СП

Лионел Меси само два дена пред да го прослави својот 39-ти роденден успеа да забележи дури…