Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Модриќ пред мечот со Бразил: Не победуваат секогаш фаворитите

Модриќ пред мечот со Бразил: Не победуваат секогаш фаворитите

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ зборуваше на пресконференцијата пред утрешниот меч со Бразил во четвртфиналето на СП.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Модриќ е свесен дека Бразил е фаворит во овој меч, но истакна дека неговиот тим нема лесно да се предаде пред „кариоките“.

„Пласманот во четвртфинале е одличен успех, но ние сакаме повеќе. Знаеме дека не чека најважниот натпревар за нас на Мундијалот против еден од најголемите фаворити. Ние треба да го одиграме најдобриот меч и имаме свои шанси. Не победуваат секогаш фаворитите“, изјави Модриќ.

„Сум играл неколку пати против Бразил и се уште не сме ги победиле. Бразил има феноменални играчи на секоја позиција, треба да бидеме многу агресивни и да не им дозволиме да ја играат нивната игра. Ние го респектираме противникот, но веруваме во своите квалитети“, додаде Модриќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Официјално: Мартин Демикелис стана тренер на Лајпциг

Мартин Демикелис е назначен за главен тренер на РБ Лајпциг, објави прес-службата на клубот…