Дома Фудбал Италија Милан спреми нов договор за Жиру

Милан спреми нов договор за Жиру

Оливие Жиру е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Жиру наскоро ќе наполни 36 години, но се уште игра на врвно ниво.Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но Милан сака да го задржи и веќе започна преговори за продолжување на соработката.

Двете страни се блиску до договор и наскоро Французино ќе потпише договор до 2024 година со опција за уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал ја прегази Севилја: Мбапе блескаше во Мадрид, „кралевите“ дадоа четири

Реал Мадрид одигра моќен меч на свој терен и со 4:1 ја совлада Севилја во 9. коло од Ла Ли…