Aктуелниот шампион Вардар славеше во дербито на 4. коло во ракометната Суперлига иако до победата стигна можеби потешко од она што се очекуваше.
Вардар го победи Алкалоид со 28:25 и тоа благодарение на серијата од 5:0 во последните седум минути. Имаше Вардар предност со 21:17, но тогаш по тајм-аутот на Кире Лазаров Алкалоид се врати во игра и поведе со 22:21 на десет минути до крајот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Така се влезе во една неизвесна завршница. Дебитантот водеше и со плу 25:23, но тука застана. Мартин Томовски во тие моменти на серијата од 5:0 на Вардар во финишот одбрани седмерец и уште неколку зицери, мечот го заврши со 10 интервенции.
Најефикасен кај Вардар беше Дејан Манасков со осум гола, Талески постигна шест. Кај Алкалоид Марко Стојковиќ постигна шест гола, а Мартин Серафимов пет гола. За Вардар ова беше четврта победа во четири кола и со 12 бода е лидер на табелата во групата А, Алкалоид остана девет колку што има и Бутел.
Фото: РК Вардар