Дома Македонски спорт Мак фудбал Реакција на судењето: На кого му смета на Брегалница?

Реакција на судењето: На кого му смета на Брегалница?

Екипата на Брегалница реагираше на судењето на Игор Стојчевски во вчерашниот натпревар против Струга Трим Лум (0:1).

„Главниот судија на натпреварот од 2. коло во ПМФЛ меѓу Брегалница и Струга ТЛ, Игор Стојчевски од Скопје не досуди очигледен пенал за Брегалница во 56. минута по акцијата на Борха Кордоба и играта со рака на гостинскиот дефанзивец. Одлука која очигледно влијаеше на целокупниот тек на натпреварот и крајниот резултат во Штип“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Исто така потсетуваат дека не е првпат овој судија да суди на штета на Брегалница.

„Крајно зачудувачки е што истиот судија во финишот на минатата сезона 2021/22, пак, значително ја оштети Брегалница со измислено досуден пенал против „сините“ на натпреварот од 27. коло со Македонија ЃП во Ѓорче Петров кога само поради неговата одлука беше „украдена“ победата на ФК Брегалница. Која е причината за ваквиот однос на судијата Стојчевски кон ФК Брегалница, кој во континуитет сега и очигледно ја дели правдата на штета на „сините““, стои во реакцијата.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…