
Уште два натпревари од првото коло во македонската Прва лига се играат денеска, но еден од нив нема да започне според предвидениот термин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Струга Трим Лум информираа дека натпреварот против Шкендија Арачиново, кој првично беше закажан за 17:00 часот, ќе стартува со најмалку 30 минути задоцнување. Според најавата на клубот, почетокот се очекува околу 17:30 часот.
За Шкендија Арачиново ова ќе биде историски настап, бидејќи клубот за првпат ќе одигра натпревар во македонската фудбалска елита.
Во меѓувреме, нема промени во распоредот за дуелот во Скопје, каде Вардар ја пречекува Брегалница. Почетокот на овој натпревар останува закажан за 17:00 часот.