Maкедонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Вимблдон во четвртфиналето.
Не успеа Ивановски да се пласира во полуфиналето и по голема битка загуби од Шпанецот Роденас со 2:1 во сетови. Иако имаше предност од 1:0 после првиот сет (6:3), Шпанецот го подигна нивото на игра и прво израмни преку тај брејк (7:6-7:5), а потоа во третиот сет со 6:3 дојде до победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Треба да се спомене дека македонскиот тенисер во вториот сет од 5:1 стигна до 5:5, за потоа на свој сервис во тај брејкот да има и меч топка, која за жал не ја искористи.
Ивановски така мораше да се помири со елиминацијата во четвртфиналето што секако е голем успех затоа што е првиот Македонец кој ќе играл во четвртфинале на еден Гренд слем турнир.