Во новата сезона Манчестер Јунајтед ќе влезе со нов тренер, холандскиот стратег Ерик Тен Хаг пристигнува на местото на Ралф Рагник кој беше приврмено решение после заминувањето на Солскјер.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Досега Јунајтед се уште не го потврдил првото летно засилување, а според она што се пишува во медиумите блиску се да го доведат Холанѓанецот Френки Де Јонг од Барселона и Тајрел Маласија од Феенорд. Веројатно ќе има и некои други, но овие двајца засега се најблиску.




Двајцата се млади играчи, Де Јонг има 25, а Маласија 22 и допрва би требало да го прикажат најдоброто. Англиски „Мирор“ прогнозираше како би изгледал стартниот состав на Јунајтед.




