Дома Македонски спорт Мак фудбал Илчо не „мрда“ од Штип: Потпиша на уште три години со Брегалница!

Илчо не „мрда“ од Штип: Потпиша на уште три години со Брегалница!

Раководството на ФК Брегалница и актуелниот шеф на стручниот штаб, Илчо Ѓорѓиоски ја продолжија меѓусебната соработка и во следните три години, до јуни 2025 година!

Пред стартот на летните подготовки за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, согласно амбициите, планот и програмата поставени од страна на сопственикот и раководството на клубот за нескриен вистински професионален развој на „сините“ потпишан е нов тригодишен договор со актуелниот стратег Илчо Ѓорѓиоски кој треба да биде носителот на проектот во спортскиот дел за етаблирање на Брегалница како значаен фактор во македонскиот фудбал.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Потпишавме нов договор за соработка со Илчо Ѓорѓиоски, на тој начин јасно останувајќи на зацртаниот пат за издигнување на Брегалница на највисоко ниво во домашниот фудбал. Делејќи ги заедничките определби за етаблирање на Брегалница на врвот од македонскиот фудбал, со именувањето на Ѓорѓиоски амбициите и плановите на клубот за следната сезона остануваат: излез на европската сцена и паралелна промоција и развој на младите талентирани фудбалери на клубот како можност потоа и за интернационална кариера, а се во интерес и воопшто на развојот на македонскиот фудбал“ – истакна сопственикот на Брегалница, Кирил Гогов, веднаш по потпишувањето на новиот договор со Илчо Ѓорѓиоски.

Првата прозивка на стартот од летните подготовки, Илчо Ѓорѓиоски ќе ја има утре од 12 часот, откако изминативе деновиве беа реализирани задолжителните лекарски прегледи. Стартот на подготовките, првично закажан за 23. јуни, е пролонгиран поради одложувањето на лекарските прегледи од страна на медицинските установи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…