Дома Македонски спорт Мак фудбал Илчо Ѓорѓиоски нов тренер на Брегалница!

Илчо Ѓорѓиоски нов тренер на Брегалница!

Еден од најтрофејните македонски фудбалски стратези и поранешен претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, е нов шеф на стручниот штаб на ФК Брегалница. 

По разделбата со Марјан Секуловски, раководството на штипските „сини“ се одлучи во насока на дополнителен фудбалски развој на клубот да донесе докажано име на клупата на тимот, со што клубот дополнително покажува за интенцијата да биде на самиот врв во македонскиот фудбал. 


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Брегалница со овој чин и именувањето на Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб отворено ја покажува намерата за дополнителен свој фудбалски развој. Нема потреба да се трошат зборови за тоа кој е Илчо Ѓорѓиоски на македонската фудбалска сцена, па единствено може да посакаме да се продолжи со успешните резултати на ФК Брегалница во иднина“, истакна првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов, по потпишувањето на договорот со Ѓорѓиоски.

Илчо Ѓорѓиоски во својата тренерска кариера има три шампионски титули во македонското првенство, со Македонија ЃП и со Вардар, а успешно ја предводеше и Фудбалската Федерација на Македонија.

„Без сомнение, Брегалница добива шампионски шмек со ангажманот на Ѓорѓиоски. Трофеите во македонскиот фудбал, но и фактот дека ја препороди Фудбалската Федерација на Македонија во нејзините најтешки години, доволно зборува за тоа какво име доаѓа на чело на тимот на Брегалница“, вели спортскиот директор на „сините“, Никола Тонев.

Илчо Ѓорѓиоски деновиве ќе го преземе тимот низ подготовките за стартот на вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со дефанзивецот Пинтер

Вардар започна со засилувања за пролетниот дел од сезоната. Нов играч на најтрофејниот мак…