По тешкиот пораз од Грузија на домашен терен со 0:3, Македонија го пречекува аутсајдерот во групата Гибралтар. Само победа и тоа не било каква, туку убедлива победа ќе ја врати самодовербата кај фудбалерите и вербата кај навивачите во македонската селекција.
Македонија мора до убедлива победа
Македонија мора брзо да се врати во ритам по катастрофалниот пораз од Грузија. Не се сеќаваме кога Македонија била така тешко поразена на домашен терен од еден противник, како што беше поразена од Грузија со 0:3. А ништо не наговестуваше на таков расплет на настаните, ниту пред мечот, ниту по првите 45 минути од првото полувреме кога беше 0:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија ја контролираше играта во првиот дел, иако без посериозни шанси за гол. Сепак, во второто полувреме се случи целосен распад на системот. Прв, втор и трет гол за Грузија за тешки 0:3. Македонија немаше ниту една чиста шанса за гол, нешто што е реткост не само кога во прашање е нашата селекција, туку воопшто на еден фудбалски натпревар. Средниот ред, не креираше шанси, а напаѓачите како да ги немаше. Одбраната, попушти кога беше најпотребно и поразот не можеше да се избегне.
Сега на ред е меч со Гибралтар – втор за една недела, па откако славевме над нив со 0:2 на гости, сега нормално е да се очекува уште поубедлива победа пред домашните навивачи.
Милевски со промени во првиот тим
Ќе има многу промени во стартниот состав на Македонија. Трајковски и Елмас пред време го напуштија дуелот со Грузија поради повреди. Трајковски нема да настапи на овој меч со Гибралтар, додека настапот е на Елмас е под знак прашалник. Има ситна повреда и поверојатно е да се најде на клупата.
Ќе има освежувања и кај останатите фудбалери, па Милевски најави дека шанса ќе добијат и оние од списокот кои до сега не настапија на предходните три меча во серија. Шанса се очекува да добие Етеми кој игра во одлична форма за својот тим и обезбеди пласман во Супер лигата на Турција. Тој би требало да стартува на местото на Трајковски. Шанса за деби ќе добие и Фазлагиќ од Висла Краков кој долги години беше лидер во младинската селекција – ќе го замени Елмас, или можеби Спировски.
Бобан Николов веројатно ќе старетува од почеток, а можеби во средниот ред шанса од првата минута ќе добие и Бабунски.
Гибралтар нема сила за второ изненадување по ред
Нема што премногу да се пишува и објаснува околу Гибралтар. Сепак, оваа селекција пред неколку дена ја изненади Бугарија играјќи 1:1 пред своите навивачи. Тоа реми за нив е рамна на победа и беше окарактеризирани од сите во оваа земја како најголем резултат во историјата на нацијата. Сега сите во селекцијата се залетани и полни со елан, самодоверба, па најавуваат дека ќе изгинат за дресот во Скопје.
Токму тоа ќе биде најголема опасност за Македонија – пожртвуваноста и мотивот кај Гибралтар. Сепак, тоа не би требало да е доволно за уште едно изненадување од нивна страна.
На првиот меч со Македонија се виде дека оваа селекција нема квалитет за да и се спротистави на Македонија, нема ротација како Македонија и се преморени. Ќе играат класичен бункер и тешко дека ќе имаат дури и некој шут по македонскиот гол.
Фото: ФФМ