Дома Трансфер зона Официјално: Гатузо нов тренер на Валенсија!

Официјално: Гатузо нов тренер на Валенсија!

Како што се најавуваше во претходните денови и официјално е потврдено дека Џенаро Гатузо ќе биде новиот тренер на Валенсија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Популарниот Рино на клупата на Валенсија го наследува Бордалас и ќе има тешка задача да го врати тимот на вистинскиот пат бидејќи Валенсија неколку сезони наназад не знае за излез во Европа.

И покрај таквата ситуација Гатузо пристигнува со голем ентузијазам и потпишан двегодишен договор. За Гатузо ова е прв ангажман во шпанскиот фудбал, претходно во Италија беше тренер на силни клубови како Милан и Наполи.

„Во Валенсија сум првпат и навистина сум горд, потпишав договор со клуб со голема историја. Среќен сум и имам голема страст. Можам да ветам дека ќе работиме напорно“, порача Гатузо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…