На денешен ден пред точно 33 години, Димитар Илиевски – Мурато од Битола направи голем подвиг искачувајќи се на највисокиот врв во светот, Монт Еверест.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Илиевски искачувањето го изведе од јужната страна на Еверест заедно со словенечкиот алпинист Виктор Грошељ, хрватскиот алпинист Стипе Божиќ и шерпасите Сонам и Аџива. Учесници во експедицијата беа уште македонскиот алпинист Борче Јовчевски и водачот Јован Поповски.




Димитар Илиевски за жал не го преживеа спуштањето од врвот и засекогаш остана таму. Причината за неговата смрт остана неразјаснета и до ден денес. Цело време при искачувањето и симнувањето тој бил во одлична здравствена состојба.




Засега некои информации велат дека тој застанал на кратко на 8200 метри да го почека Стипе кој бил зад него и имал проблеми со светилката, а во тој момент заспал.




Во кариерата се има искачено на повеќе планински врвови. Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија.